ВИДЕО: Мбапе одново како Усаин Болт, пеколна контра преку половина терен како од шега

Мбапе

Килиан Мбапе беше најзаслужен за убедливото издание на ПСЖ на гостувањето кај директниот ривал за висок пласман Лион.

Младиот голгетер на „принцевите“ постигна два гола и ја достигна бројката од сто реализации во француското првенство. На првиот се израдува по една мешаница во противничкиот казнен простор, а вториот беше негово препознатливо ремек-дело.

Застрашувачката брзина Мбапе ја покажа и на оваа средба, претрчувајќи половина терен како од шега и не девајќи му никаква шанса на директниот чувар.

ПСЖ го искористи киксот на Лил и се врати на лидерската позиција во домашното првенство.