Мбапе одби спогодба со ПСЖ, си ги бара милионите како бонуси

Адвокатите на францускиот фудбалер Килијан Мбапе од една страна и неговиот поранешен клуб ПСЖ од друга страна се сретнаа во средата во седиштето на Француската лига (ЛФП) за да се обидат да постигнат договор за долговите, но обидот беше безуспешен.

Мбапе со месеци тврди дека парижаните му должат 55 милиони евра за плати и бонуси, додека „светците“ се бранат дека Мбапе се обврзал да не бара бонуси кога потпишал продолжување на соработката во 2023 година.

Додека адвокатите на Пари Сен Жермен беа задоволни од исходот на двочасовната средба во седиштето на ЛФП, адвокатите на Мбапе не беа задоволни. Од друга страна, ЛФП побара да се разгледа можноста за процес на посредување меѓу двете страни.

Тие официјално побараа од Мбапе да размисли за тоа, но неговите адвокати категорично одбија.