• Горан Упале

Пред натпреварот со Австрија, на стартот од Европското првенство, Килијан Мбапе беше повеќе фокусиран на парламентарните избори во Франција, отколку на самата средба во Дизелдорф.
Сега веќе новиот член на Реал Мадрид, на терен делува дефокусирано, а тоа го докажа во 55. минута, кога успеа да го промаши невозможното. Капитенот на „триколорите“ излезе сам пред Пенц и небранет од никого можеше да бира каде да шутира, но тоа го направи многу лошо и го промаши целиот гол.
- Промашувањето на Мбапе против Австрија:
Франција по првото полувреме имаше водство од 1-0, откако Вебер несреќно си постигна автогол.