Мбапе: Најдобар сум, дури подобар од Меси и Роналдо

Веќе подолг период важи за еден од најдобрите голгетери, но по големиот успех на СП и освоената светска титулата со Франција, е сместен во потесниот круг на најдобри фудбалери на денешницата.

Килијан Мбапе со само 19 години се закити со светска круна, а минатата сезона беше на еден чекор и до трофејот во Лигата на шампионите, но сепак, тој сè уште не „лета во облаци“ и вели дека Меси и Роналдо се далеку над сите.

„Секако, тие се подобри играчи од мене, тие постигнаа толку многу во фудбалот. Но, во мојата глава секогаш си велам дека сум најдобар, бидејќи на тој начин не си поставувам граници и се трудам да го дадам најдоброто од себе. Понекогаш луѓето не го разбираат тоа. Не е тоа во стилот „јас, јас и само јас“, вели 22-годишниот Мбапе.

Мбапе уште на почетокот на својата кариера, кога како 17-годишнник дебитираше за Монако, го споредуваа со Меси и Роналдо, а неговата статистика вели дека досега има постигнато 146 клупски голови (Монако, ПСЖ), односно гол постигнува на секои 103,99 минути.