Мбапе на рамниште на Болт, истрча најбрзо во историјата на фудбалот

Мбапе брзина

Не е тајна дека Килиан Мбапе е иднината на фудбалот. Напаѓачот на ПСЖ оваа сезона игра во сјајна форма и е единствен кандидат кој би можел да го спречи Лионел Меси да стигне до нова „Златна копачка“.

За време на викендот, младиот француски репрезентативец се соочи со својата поранешна екипа Монако и одигра без милост. Постигна три гола на кои не се израдува, а при едниот од нив постави апсолутен рекорд во светскиот фудбал.

20-годишникот стана најмлад играч во историјата на француското првенство кој на еден меч запиша хет-трик. Исто така, тој трчаше 38км/ч. кога реализираше за 1-0 што е побрзо од просечната брзина на Усаин Болт при поставувањето на светскиот рекорд во Берлин 2009 година.

И покрај сите шпекулации дека ќе го напушти Париз, Мбапе потврди дека нема намера во блиска иднина да се раздели со старо-новиот француски шампион.

Реал Мадрид доби „корпа“ од талентираниот Французин кој порача дека и понатаму ќе остане навивач на шпанскиот гигант и дека нема намера да ја менува играчката средина.