Мбапе: Му се јавив лично на Перез од почит кон него и Реал Мадрид!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе реши да го одбие Реал Мадрид и ја прифати понудата на Пари Сен Жермен за нов тригодишен договор. По неколкудневнен молк, играчот на прес-конференција говореше за својата одлука.

„Ја донесов мојата одлука минатата седмица. Не им открив за тоа на соиграчите затоа што клубот ми кажа така и сакавме да биде изненадување. Ја донесов одлуката пред да му се јавам на Флорентино Перез. Го побарав затоа што го почитувам него и Реал Мадрид. Тие направија многу за мене, затоа решив да го побарам лично. Ние, сепак, имаме одличен однос.

Дали вратата во Реал Мадрид ми е затворена? Не знам што може да се случи во иднина. Како што кажав, јас и Перез имаме одличен однос. Благодарност до навивачите на Реал Мадрид, ме прифатија како еден од нив. Го разбирам нивното разочарување, но се надевам дека и тие ќе ја разберат мојата одлука да останам во мојата земја“, изјави Мбапе.

23-годишниот напаѓач е во редовите на ПСЖ од 2017 година. Пристигна од редовите на Монако и иако дојде како тинејџер, сепак, брзо стекна статус на ѕвезда и главен играч во таборот на „светците“.