Мбапе: Кој ќе шутира пенал, јас или Меси? Тука нема никаква дискусија

Лионел Меси постигна два гола за големиот пресврт и победата за ПСЖ против Лајпциг (3-2) во третото коло од Лигата на шампионите, но херој на важниот триумф на „светците“ беше Килијан Мбапе.

Францускиот ас го постигна првиот гол на својот тим, за водство од 1-0, а потоа му асистираше на Меси за израмнување (2-2), за на крај над него да биде направен пенал, од кој Меси погоди за победа и славје на трибинните.

Мбапе требаше да го изведе одлучувачкиот удар од единаесет метри, но му го препушти на Меси. Ова го откри пред камерите по натпреварот.

„Тоа е нормално и прашање на почит. Па, тој е Лео Меси, најдобриот фудбалер на светот, секако дека ќе му дозволам да шутира пенал! Доаѓањето во нашиот клуб е привилегија и тоа го кажав сто пати. Ако има пенал, тогаш тој го шутира и точка. Нема дискусија“, рече Мбапе.

На крајот од судиското надополнување, кога беше јасно дека ПСЖ ќе слави победа, беше досуден уште еден пенал за „парижани“, но овој пат шутираше Мбапе.

„Меси ми рече да ја земам топката. Го направив само затоа што сè беше решено. Меѓутоа, првиот, одлучувачкиот, мораше тој да го шутира“, додаде Мбапе.

Инаку, францускиот ас не го погоди ударот од единаесет метри, односно топката ја испрати далеку над голот.

Состави

Маурицио Почетино

4-3-3

    Jesse Marsch

    4-4-2