Мбапе ќе го продолжи договорот со ПСЖ само ако се вметне откупна клаузула

Ќе се случи ли долгоочекуваниот трансфер на Мбапе во Реал Мадрид или парижанецот ќе остане во роднио град? Оваа дилема веројатно ќе преовладува и ова лето, иако според шпекулациите од Франција, трансфер на напаѓачот во Мадрид ова лето не е комбинација.

Килиан Мбапе ќе се согласи да го продолжи договорот со ПСЖ, само ако во него биде ставена откупна клаузула. Напаѓачот сака во договорот да има поставено конкретна сума за која може да биде откупен. Во моментов договорот на Мбапе истекува во 2022 година. ПСЖ ќе му понуди рекордна плата од 50 милиони евра по сезона и се верува дека ќе го задржи младиот ас уште долго во своите редови.

Ако дојде до евентуален трансфер на Мбапе во Мадрид, тоа сигурно ќе биде сума на светски рекорд, повисока од преминот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. 

Ливерпул исто така се интересира за потписот на Мбапе, но за тоа ќе мора да го ризикува Садио Мане.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.