ВИДЕО: Мбапе како резерва - егзибиција, хет-трик и овации во Бриж!

Влезе во игра во 52. минута на местото на Чупо Мотенг и како резерва постигна три гола во мрежата на Бриж. До денес непоразениот белгиски гигант наиде на фудбалер кој со години ќе доминира низ светските терени - Килиан Мпабе.

Францускиот напаѓач постигна голови во својот карактеристичен стил и уште еднаш ја одушеви фудбалската публика ширум светот.

  • Хет-трикот на Мбапе како резерва во Бриж: 

Фудбалерот на ПСЖ стигна до 17 гола на возраст од 20 години и 306 дена, па најбрзо стигна до оваа бројка на голови, подобрувајќи ги достигнувањата на врвот Лионел Меси, на кој му успеа тоа на 21 година и 288 дена.

Состави

Скот Паркет

3-5-2

    Кристоф Галтие

    4-3-3