Мбапе има скршеница на носот, го чека пауза или настап со заштитна маска!

Килијан Мбапе се здоби со скршеница на носот во второто полувреме од натпреварот на француската репрезентација против Австрија. Оваа вест ја потврди селекторот на Франција, Дидие Дешамп по победата на „триколорите“.

Во финишот Мбапе заработи непријатна повреда поради која веднаш го напушти теренот, а набрзо му беше констатирана скршеница на носот. Дешамп само накратко потврди дека Мбапе до крајот на првенството ќе мора да игра со заштитна маска.

На четири дена до следниот натпрева против Холандија, шансите за настап на голгетерот се минимално. По првото коло Франција и Холандија имаат по три бода, а се среќаваат в петок од 21:00 часот.

Состави

Ралф Рангник

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3