Мбапе играч на сезоната во Лига 1: „Останувам во ПСЖ“

Пари Сен Жермен на коло пред крајот на Лига 1 ја пресече шампионската лента и ја прослави единаеджсеттата титула во Лига 1, а навивачите добија „подарок“ од Килијан Мбапе.

„Многу сум среќен, уживам овде. Јас сум најдобриот играч, тоа е најважно. Имам договор за уште една година. Ќе бидам тука следната сезона и сигурен сум дека ќе бидам многу среќен“, изјави Мбапе по освојувањето на наградата за најдобар играч на сезоната во Лига 1.

Мбапе стави крај на сите досегашни шпекулации дека ќе го напушти Париз веќе ова лето, иако има договор до јуни 2024 година, со опција за продолжување на уште една година. Најдобриот играч на ПСЖ сака да види каков тим ќе формира спортскиот сектор за следната сезона и без Лионел Меси кој заминува, а можеби и без Нејмар, за кого интерес има од Манчестер Јунајтед.

Најдобриот играч на Франција во последното коло ќе има можност да ја освои титулата најдобар стрелец во Лига 1. Тој моментално е на чело на листата на стрелци со 28 гола, а зад него се Александре Лаказет (Лион) со 27 и Џонатан Дејвид (Лил) со 24 гола.