Мбапе и Верати ќе патуваат со ПСЖ во Лисабон

Верати Мбапе

Германскиот тренер Томас Тухел објави листа од 28 фудбалери со кои ќе настапи на завршницата од Лигата на шампионите во Лисабон.

На неа има место за повредените Килиан Мбапе и Марко Верати. Тие двајца се под знак прашалник за мечот против Аталанта во четвртфиналната фаза од турнирот.

Покрај нив ќе биде и Лејвин Курзава кој исто така се повреди во финалето од Купот против Лион на 31 јули.

Мечот меѓу сензацијата Аталанта и фаворизираниот ПСЖ се игра на 12 август со почеток од 21:00 часот.