ВИДЕО: Мбапе го „смрзна“ Баерн, а Нојер беше само гледач!

Килијан Мбапе уште еднаш го покажа својот раскошен талент и покажа зошто во него се гледа како наследник на врвот по ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Францускиот фудбалер погоди во 68. минута кај Баерн Минхен (2-3), ја врати предноста кај ПСЖ со убав гол. Мбапе по еден брз спринт ја измами целата одбрана на бундеслигашот. „Смрзнат“ остана и Мануел Нојер, кој важи за еден од најдобрите голмани во светот.

  • Голот на Мбапе против Баерн Минхен:

За Мбапе ова беше втор гол на мечот со Баерн, по оној на стартот за предност.