Мбапе го одбил најголемиот договор во историјата на фудбалот

Неколку шпански медиуми ја пренесоа сензационалната вест дека Манчестер Јунајтед бил во сериозна трка за потпис со првата ѕвезда на ПСЖ, Килиан Мбапе. Оваа информација многумина ја примија со потсмев, но доброупатени извори велат дека „ѓаволите“ планирале голема „револуција“ за следната сезона и на Мбапе му го понудиле најголемиот договор во историјата на фудбалот!

Иницијатор на состаноците со претставниците на Мбапе бил новиот ко-сопственик на клубот, Џим Ратклиф, кој се обидел да го примами Французинот со неверојатен договор, вреден 700 милиони евра за пет сезони. Овие средби се одржувале во строга тајност, но деновиве „протекоа“ информации и јавноста дозна за обидот на Јунајтед да го доведе најпосакуваниот играч на трансфер-пазарот.

Веќе е познато дека Мбапе ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, но изворите велат дека тој многу сериозно ја разгледал понудата од англискиот гигант и имал само една забелешка - несигурноста околу пласманот во Лигата на шампионите. Екипата на Ерик Тен Хаг има мали шанси да заврши во ТОП-4 сезонава, а тоа претставувало огромен проблем за евентуалниот тренсфер на Мбапе во Манчестер.

Јунајтед директно му понудил 100 милиони евра годишна плата и уште 200 милиони како бонус за потпис на договорот (убедливо најголем договор во историјата на фудбалот), но сепак, брзоногиот напаѓач решил да замине во Мадрид, каде се очекува да биде вистински предводник на „кралевите“ во следните сезони.