• Зоран Мишевски

Можеби сезоната на ПСЖ е заборав, но се редат индивидуалните признанија за најдобриот фудбалер на клубот.
Килијан Мбапе постигна два гола синоќа на натпреварот од 32. коло на францускиот шампионат против Анжер (2-1). Сега во колекцијата на 24-годишниот Французин се 214 голови плус асистенции во Лига 1 (157 гола и 57 асистенции). Мбапе го повторил рекордот на натпреварувањето кој го држеше играчот на Марсеј, Димитри Паје.
Во оваа статистика земени се предвид само натпреварите почнувајќи од сезоната 2006/07 кога почнаа да се бројат овие податоци.