Мбапе ги собра наградите, а Памела Андерсон погледите на церемонијата на Лига 1

Француската фудбалска федерација вечерва во Париз ги прогласи најдобрите поединци во сезоната која се наоѓа на истек. В петок со последното 38. коло се спушта завесата на уште една предвидлива сезона, во која ПСЖ ја освои титулата и ја продолжи својата хегемонија во домашниот шампионат.

Килиан Мбапе е најкорисен фудбалер на шампионатот на Франција, признание кое го освои и минатата година. Сезонава избран е и за најдобар млад фудбалер, а со 31 гол на еден натпревар до крајот Мбапе ја освои и наградата најдобар стрелец во Лига 1.

Тухел е тренер на годината, Лоик Реми е автор на сезоната, а судијата Клемен Турпин е најдобар делител на правдата. Карим Бензема доби награда за најдобар француски фудбалер во странство.

Француската федерација не го заборави и Емилијано Сала, кого постхумно го награди. Неговата смрт беше голем шок за францускиот и светскиот фудбал.

Церемонијата ја водеше Дидие Дрогба, а сите погледи беа свртени кон актерката Памела Андерсон, девојка на дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Адел Рами. 

Следниот шампионат на Франција почнува во првата недела од месец август.