Мбапе е чудо, ПСЖ се радува – најдобриот се враќа за ЛШ

Килијан Мбапе доживеа повреда на натпреварот против Сент-Етјен во Лига Купот и се предвидуваше дека нема да игра во Лигата на шампионите против Аталанта, но ситуацијата драстично се промени и сега доаѓаат поинакви вести.

Медиумите од Франција пишуваат дека рехабилитацијата на најдобриот играч на „светците“ тече забрзано. Лекарите не очекувале ваков развој на настаните, па сега прогнозите се дека Мбапе може да заигра во рамки на Лигата на шампионите.

Лекарскиот тим на ПСЖ ќе ја прати ситуацијата, а Мбапе се очекува да отпатува со тимот за Португалија каде ќе се игра Ф8-турнирот. Дуелот меѓу ПСЖ и Аталанта е закажан на 12 август.

Мбапе оваа сезона игра фантастичен фудбал и на 34 меча за ПСЖ има 30 гола и 18 асистенции.