Мбапе донираше 27.000 фунти за продолжување на потрагата по исчезнатиот пилот

Французинот Килиан Мбапе донираше 27.000 фунти како помош за продолжување на потрагата по пилотот Дејвид Иботсон, кој исчезна заедно со сега веќе пронајдениот Емилијано Сала.

Иботсон и Сала патуваа од Нант кон Кардиф, кога авионот исчезна од радарот и беше пронајден на дното на океанот по неколку дена. Фудбалерот на сличен начин, со донирани средства беше пронајден во потопениот авион, но во него го немаше телото на Иботсон.

Поради тоа што беше прекината потрагата, семејството на пилотот слично како и она на Сала започна хуманитарна акција за започнување на приватна потрага. Потребно е да се соберат околу 300.000 фунти, а досега се собрани околу половина, од 7.000 донатори, меѓу кои е и ѕвездата на ПСЖ.