Мбапе доби награда за „играч на натпреварот“, но победата на ПСЖ ја обезбеди друг човек

Навас

Баерн Минхен имаше многу шанси да избегне пораз на „Алијанц Арена“. Меѓутоа наиде на расположен Килиан Мбапе, кој со два гола обезбеди предност за ПСЖ пред четвртфиналниот реванш на домашен терен.

Францускиот голгетер се истакна во групата и заслужено ја доби наградата „играч на натпреварот“. Сепак, еден негов соиграч можеби одигра уште поважна улога во овој голем успех кај бранителот на титулата во Лигата на шампионите.

Голманот Кејлор Навас интервенираше дури десет пати и израмни рекорд на Мануел Нојер. Германскиот чувар на мрежата пред четири години имаше идентична партија на четвртфиналното соочување со Реал Мадрид.

Сигурно дека Мбапе ги собра сите заслуги, но 34-годишниот Навас беше „тивкиот“ херој на францускиот првак.

За една недела парижани ќе имаат можност да ја комплетираат одмаздата против тимот кој ги порази во минатогодишното финале во натпреварувањето.