ВИДЕО: Мбапе даде два гола за три минути, ПСЖ е на бод до титулата

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Оксер на гостински терен со 1-2 (0-2), во рамките на 36. коло на француската Лига 1. Со овој триумф парижани дојдоа на само бод до титулата, бидејќи со две кола до крајот имаат точно шест бода повеќе од второпласираниот Ленс. 

Натпреварот во Оксер тргна во знакот на Килијан Мбапе. Младата француска ѕвезда со два погодоци за три минути донесе двојна предност. За првиот во шестата минута на Французинот му асистира Руиз, додека при вториот во осмата беше проигран од Меси.

Оксер во првото полувреме се закани преку Рајан Равелосон, меѓутоа резултатски промени немаше. Сепак, на стартот на продолжението погоди Ласин Синајоко кој по проигрување од Нуно да Коста погоди за 1-2 во 51. минута. Парижани одиграа сигурно до крајот, ја држеа топката и не му дозволуваа на ривалот да го загрози голот на Донарума. Во 93. минута Мбапе успеа уште еднаш да погоди, меѓутоа голот не важеше поради офсајд.

  • Извештај од натпреварот: 

Пред завршните две кола ПСЖ има 84 бода, шест повеќе од Ленс. Бидејќи во Лига 1 се гледа гол разликата, сè уште постојат математички шанси за второпласираниот, иако реално не може да ја достигнат разликата.

Состави

Christophe Pelissier

5-3-2

    Луис Енрике

    3-4-3