Мбапе: Да се гласа против екстремистите кои сакаат да ја поделат земјата, нема да играм...

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, зборуваше за политика за време на Европското фудбалско првенство. Тој ги повика своите сонародници да гласаат против Марин Ле Пен, десничарката која победи на изборите за Европскиот парламент пред неколку седмици, на националните избори на 30 јуни и 7 јули.

„Повикувам да се гласа против екстремистите кои сакаат да ја поделат земјата. Сакам да бидам горд додека го носам овој дрес, не сакам да претставувам земја што не ги симболизира моите вредности.

Знаеме дека ова е клучен момент во француската историја. Ова е настан без преседан. Ние сме генерација која може да направи разлика. Можеме да видиме како екстремистите тропаат на вратата на моќта и имаме шанса да ја обликуваме иднината на нашата држава. Оваа ситуација е поважна од нашиот натпревар против Австрија“, рече Мбапе.

Напаѓачот е роден во предградие на Париз, во брак на родители со камерунско-алжирски корени.

На изборите за Европскиот парламент, Марин Ле Пен освои 30 мандати со нејзината партија „Национален собир“, а партијата „Преродба“ на актуелниот француски претседател Емануел Макрон освои 13 мандати. По собирањето на изборните резултати, Макрон ја распушти француската влада и објави парламентарни избори.