Мбапе: Ако треба ќе дадам 50 гола за Реал Мадрид, долго го чекав ова!

Килиан Мбапе беше очекувано расположен после победата на Реал Мадрид над Аталанта (2-0) и го изрази своето огромно задоволство од настапот во Суперкупот, каде со неговиот гол го потврди новиот трофеј за „кралевите“. 

Француската ѕвезда дебитираше со одличен погодок во 68. минута, а по мечот рече дека ова била прекрасна ноќ за него, но и за целиот тим кој допрва ќе расте и ќе остварува успеси. 

„Ова беше прекрасна ноќ. Долго го чекав овој момент, да заиграм во овој дрес, да гинам за овој амблем. Освоивме трофеј, а тоа е секогаш најважно.

Во Реал секогаш треба да се победува и среќен сум што придонесов за триумфот. Голот е важен, но поважен е растот на овој тим кој во иднина треба да биде уште посилен. Маестрална вечер за нас.

Немаме граници кога играме за Реал Мадрид. Колку голови ќе дадам? 50? Ако треба, ќе дадам 50 гола... само за тимот да победува.“, рече Мбапе. 

Реал Мадрид стана најтрофејниот клуб во историјата на Суперкупот и сега има шест трофеи, еден повеќе од Барселона и Милан. Килиан Мбапе дебитираше на најубав можен начин, каков што се очекуваше од играч со неговиот квалитет. 

Состави

Карло Анчелоти

4-2-3-1

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-1-2