ВИДЕО: Мбангула во последните секунди го спаси Јуве од пораз против Болоња

Тиаго Мота и Јуве никогаш не беа поблиску до пораз сезонава во Серија А oд попладнево, но со погодок во последните секунди стигнаа до реми и се без пораз е 22 натпревари во домашниот шампионат по ред. Во вториот попладневен натпревар од 15. коло на Серија А, Болоња прокоцка победа на гостувањето кај Јувентус, откако Мбангула во судиското надополнување го спаси гигантот од Торино од пораз. Натпреварот на „Јувентус Алијанц стадиум“ заврши 2-2 (0-1), што е уште еден чекор назад на најтрофејниот италијански клуб во борбата за висок пласман. 

  • Извештај од натпреварот:

По подолго време се врати на теренот Душан Влаховиќ, но наместо тој протагонист беше напаѓачот на Болоња, Ндаје. Швајцарскиот репрезентативец со мајсторски гол од тежок агол го отвори резултатот во 30. минута. Само што почна вториот дел засилувањето од Милан, Томазо Побега ја казни нерешителноста на дефанзивците на Јуве и на голманот Перин и зголеми на 0-2.

Следеа офанзивни замени и обид Тиаго Мота да се врати во натпреварот. По најубавата акција на „старата дама“, Теун Копмајнерс го постигна првиот гол во новиот дрес, по додавањето на Данило од десната страна. Кога се чинеше дека на тимот на Јуве му нема спас, Влаховиќ проби по десната страна и додаде до Мбангула, а младиот фудбалер за врска со ефектен гол израмни на 2-2. Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота заработи црвен картон заради приговор на почетокот на вториот дел.

Попладнево на „Мараси“, Џенова на Патрик Виеира и Торино играа без голови (0-0).

  • Џенова - Торино 0-0:

Вечерва се игра дуелот на „Олимпико“ меѓу Рома на Клаудио Раниери и Лече

Состави

Тиаго Мота

4-2-3-1

    Винченцо Италиано

    4-2-3-1