ВИДЕО: Мато од Брера го даде голот на колото во мак-фудбалот!

Екипата на Брера Струмица на домашен терен загуби од Работнички (1-3), но погодокот кој го постигнаа домашните фудбалери е за утеха, како гол на колото.

Вистински гол-убавец постигна Мато од таборот на Брера. Во второто полувреме офанзивецот влезе во казнениот простор и по едно проигрување со капитенот Ѓорѓиевски биеше од прва.

  • Голот на Мато против Работнички:

Натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ изобилуваше со атрактивни голови и заедно со Шкупи - Струга беше најефикасен во оваа рунда на ПМФЛ.