• Иван Димовски
Роџерс Мато од Вардар оваа зима по голема драма заврши во шкотски Хартс. Се работи за платена позајмица, а репрезентативецот на Уганда налето ќе продолжи со Шкотланѓаните согласно договорот кој го потпиша.
22-годишникот направи вистински проблем кога не се појави на подготовките на Вардар во Анталија, иако клубот му испрати билети. По настапот на Африканскиот куп на нации тој имаше слободни денови и беше во родната Уганда. Откако се комплетира трансферот и тој дебитира за Хартс, Мато зборуваше за моментите кога беше недостапен за Вардар.
Играчот даде „објаснување“ зошто не можел да го исконтактира клубот, кое беше во најмала рака смешно ако се согледаат модерните можности во 2026 година.
„Во мојата земја имаше избори. Поради тоа интернетот беше целосно исклучен. Беше тешко да го контактирам мојот агент, тренерот или луѓето од Вардар. Мислам дека тука настанаа сите проблеми“, прокоментира Мато.
На крајот сите страни беа задоволени, бидејќи Вардар доби обештетување за играчот, а Хартс го доби уште во јануарскиот преоден рок и ќе го има во борбата за титулата во Шкотска.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


