ВИДЕО: Мато на пријателски меч го даде првиот гол за Хартс

Роџерс Мато, најдобриот стрелец на полусезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), го замени Вардар со Хартс пред стартот на годината, а сега го постигна првиот гол за екипата.

Напаѓачот од Уганда погоди на пријателски натпревар, во победата над Сент Мирен од 3-1. Тој беше стрелец на вториот гол, откако погоди по еден центаршут од корнер со глава.

Мато дојде од Вардар во Хартс и се најавуваше како големо засилување, но никогаш не доби шанса, одигра само десетина минути во цела полусезона во шкотскиот шампионат.