ФОТО: Матиќ со својата објава на Инстаграм ги освои срцата на српските фанови

Фудбалската селекција на Србија со победа ги стартуваше настапите на Светското првенство во Русија. „Орлите“ со 1-0 ја совладаа селекцијата на Костарика, а траг на мечот остави инцидентот во финишот од мечот. 

Во истиот учествуваше првата ѕвезда на Србија, Немања Матиќ, кој во обид да дојде до топката влезе во конфликт речиси со целата клупа на Костарика. По мечот за овој инцидент многу се пишуваше, а и самиот Матиќ се огласи на сицилајните мрежи и неговата порака ги освои срцата на фановите на Србија. 

„Не те давам“, со знаме од Србија гласи пораката на фудбалерот на Манчестер Јунајтед. 

 

Ne dam ja na tebe 

A post shared by Nemanja Matic (@nemanjamatic) on

Србија во второто коло од овој Мундијал ќе се сретне со селекцијата на Швајцарија, која во воведниот меч направи изненадување и одигра 1-1 против фаворизираниот Бразил.