Матиќ со монтажа ги „пецна“ Роналдо и Бруно: Дали ви е сега јасно? (ФОТО)

Иако беше голем фаворит, Португалија со само еден бод се врати од гостувањето кај Србија. На „Рајко Митиќ“ европскиот шампион прокоцка 0-2, но во самиот финиш беше оштетен, откако судиите не признаа чист гол на Кристијано Роналдо за 2-3.

Таа ситуација крена многу прашина кај европската фудбалска јавност, а на оваа тема поранешниот репрезентативец на Србија, Немања Матиќ се реши да ги „пецне“ својот колега од Јунајтед, Бруно Фернандеш и поранешниот ас на „ѓаволите“ Кристијано Роналдо.

Искусниот играч за врска на местото во соблекувалната кое е наменето на Фернандез стави монтирана фотографија, на која може да се види дека судиите донеле вистинска одлука. „На линија е, дали ви е јасно сега?, гласеше пораката на Матиќ.

Инаку, Србија до големиот бод против Португалија стигна преку головите на Митровиќ и Костиќ, од кои вториот беше вистинско ремек-дело и контра напад, каков ретко се гледа на фудбалските терени.