Матеус Лемос наместо со Шкендија Арачиново, потпиша со Брегалница

Брегалница продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во тимот од Штип е Бразилецот Матеус Да Силва Лемос.

Станува збор за 29-годишно лево крило од Рио де Жанеиро, кое не е непознато име за македонската фудбалска јавност. Лемос претходно настапуваше за Македонија ЃП и Вардар, а летово беше и промовиран во Шкендија Арачиново, но на крајот се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Брегалница.

Бразилецот веќе една седмица тренира со новиот тим и ќе му биде на располагање на стручниот штаб на Никола Кузманов за претстојните предизвици.

Пред доаѓањето во Македонија, Лемос настапуваше за бразилските клубови Сан Жозе, Мауа, Комерсијал и Индепенденсија. Се работи за веќе проверено име во мак-фудбалот каде што Бразилецот пружаше одлични перформанси пред тешката повреда.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.