• Саше Љолес
Прославениот германски фудбалер, Лотар Матеус, официјално поднесе оставка од функцијата тренер на младинските категории во Баерх Минхен, а причината е лошиот однос со родителите на младите таленти до 13-годишна возраст.
Матеус изјави дека не може да го издржи притисокот од родителите, за кои вели дека прават поголеми проблеми од самите играчи и често ја преминуваат границата на нормално однесување.
„Се повлекувам од тренерската позиција. Имав две успешни години, но постојаниот притисок од родителите беше неиздржлив. Играчите ми правеа помали проблеми од родителите. Секој од нив мисли дека нивното дете не игра доволно.
Немам намера повеќе да минувам цели денови во состаноци со нив, крајно време е да си го преиспитаат својот пристап. Решив да се повлечам, мислам дека тоа е сосема правилна одлука“, изјави Матеус.
Германските медиуми шеговито пишуваат дека „Матеус го издржа притисокот како активен играч и освои безброј трофеи, но не можеше да излезе на крај со родителите на младите фудбалери“. Се работи за вистинска легенда на фудбалот во оваа земја, кој со Германија се закити и со титулата светски шампион.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во свето на ОВОЈ линк.