Матеј Николов со прв странски предизвик, се пресели во Србија

Младиот македонски фудбалер Матеј Николов направи интернационален трансфер и во новата сезона ќе игра во Србија.

Николов, кој има 19 години и игра во средниот ред, успеа да се договори со Златибор Чајетина, клуб кој се натпреварува во српската Суперлига. Тој стави потпис на договорот со екипата и веднаш се пресели во Србија каде ќе биде на располагање.

Николов настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, а претходно беше дел од младинските тимови на „лавовите“, Вардар и штипска Брегалница.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.