Матеј Ѓурчиновски четврто засилување за Победа ова лето

Деновиве пристигна и четврти новајлија во второлигашот Победа. Се работи за десниот страничен фудбалер Матеј Ѓурчиновски, 20-годишен скопјанец, со настапи во Втората фудбалска лига (ВМФЛ). Тој претходно настапуваше за Слога Виница, Саса Каменица, Пехчево.

Претходно на Победа и пристапија: 19-годишниот Никола Талески, досегашен напаѓач на струмичка Беласица, 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски, битолчанец кој досега беше член на второлигашот Детонит од Радовиш и неговиот сограѓанин 20-годишниот Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф.

Првиот пријателски натпревар Победа ќе го одигра со Борец денес во 18:00 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.