Матеј Цветаноски во идеалниот тим на третото коло во босанскиот шампионат

Матеј Цветаноски има одличен почетен период како играч на босанскиот Железничар од Сараево.

Македонскиот фудбалер одигра одличен натпревар од третото коло против екипата на Игман Коњиќ и беше меѓу најдобрите поединци на „Жељо“ во победата со конечни 3-1. Токму нашиот Цветановски го постигна последниот гол за својот тим, а со тоа си заслужи место во идеалниот тим на третата рунда во босанскиот шампионат. 

Цветаноски летово премина во Железничар од редовите на Брера Струмица, каде исто така се пресели уште еден наш фудбалер, Мартин Мирчевски, кој пристигна од ТСЦ Бачка Топола