• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски има нов клуб и постигна договор со струмичка Академија Пандев.
Според информациите на Gol.mk, двете страни веќе ја договориле соработката и ќе следи претставување. Крилниот играч се враќа во македонскиот фудбал по една година, по настапите во Албанија каде играше за Партизани, како и во Унгарија за Ѓирмот.
Сигурно е дека 25-годишниот Цветаноски ќе биде големо засилување за „пандевци“ во битката за избегнување на долниот дел на табелата. Струмичкиот клуб направи многу промени, го освежи тимот и ќе атакува на подобри резултати со Васоски во оваа пролет.
Екипата наскоро се враќа од Анталија за Македонија, каде ќе продолжи со подготовките и ќе ја избруси формата пред продолжението на шампионатот во средината на февруари.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.