ВИДЕО: Матеј Цветаноски со деби-гол за Железничар на „Грбавица“

„Македонскиот“ Железничар запиша важна победа на стартот на босанската Премиер лига. Поранешниот фудбалер на Брера, Матеј Цветаноски, го постигна својот прв гол за сараевскиот клуб.

Во последниот саботен натпревар од третото коло Цветаноски погоди на „Грбавица“ против Игман. Македонскиот ас реализираше во 60. минута за 3-0. До крајот гостите успеаја само со почесен погодок да ги ублажан поразот. 

Вториот македонски интернационалец во дресот на Железничар. Мартин Мирчевски во игра влезе во 87. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Двајцата македонски фудбалери летово потпишаа за клубот од Сараево.