Матарацо доби отказ, Хофенхајм ќе добие нов тренер 

Американскиот фудбалски стручњак Пелегрино Матарацо повеќе не е тренер на Хофенхајм, соопшти германскиот клуб.

Спортскиот директор на Хофенхајм, Андреас Шикер им се заблагодари на Матарацо и на помошниот тренер Михаел Камермаер.

„Одлуката не беше лесна, особено што имав многу добра и отворена комуникација со Матарацо. Сепак, неколку фактори доведоа до прекин на соработката. Девет бода по десет натпревари во Бундеслигата е премалку, како и недостатокот на конзистентност во настапите. Сето тоа придонесе за нашата одлука“, рече Шикер.

Матарацо дојде во Хофенхајм во февруари 2023 година и го одведе клубот во Лига Европа. Френк Фрелинг и Бенџамин Губнер ќе работат со првиот тим за време на репрезентативната пауза.