Мата се согласи да го засили Атлетико Мадрид од следната сезона

Поранешниот шпански репрезентативец Хуан Мата ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед ова лето како слободен фудбалер и ќе се врати во Шпанија. 30-годишниот играч за врска се согласи да потпише договор со Атлетико Мадрид.

Преговорите започнаа пред неколку месеци и недостигна само потпис за официјализација.

Мата пристигна на „Олд Трафорд“ од Челзи за нешто повеќе од 37 милиони фунти и освои четири трофеи со „црвените ѓаволи“. 30-годишниот Мата по осум години ќе се врати во Шпанија и ќе заигра за Диего Симеоне. 

Овој креативец се поврзуваше со Барселона, но статусот кој ќе го добие во Атлетико Мадрид ветува повеќе од тој во каталонскиот гигант. Мата поникна во младинските категории на Реал Мадрид, а вниманието на европската јавност го привлече кога го носеше дресот на Валенсија.