Мат во пет движења: Пеколната контра на Белгија траеше 9,35 секунди!

Репрезентацијата на Белгија го направи најголемиот пресврт на ова Светско првенство (СП) и се врати од 0-2 против Јапонија, за на крајот да слави со 3-2 и да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот.

„Ѓаволите“ до посакуван триумф дојдоа во самиот финиш, поточно во 95. минута, кога погоди Насер Чадли по една пеколна контра. Од голот на Куртоа, до голот на Јапонците, беа потребни само пет движења.

По еден изведен корнер каде сите Јапонци отидоа напред, Белгија изведе пеколна контра. Топката тргна од Куртоа, па заврши кај Де Брајн, кој истрча половина терен, па го проигра Муниер, кој веднаш го пронајде Чадли во шеснаесетникот.

Целата акција на Белгијците траеше само 9.35 секунди и е најбрзата контра на овој Мундијал.