ВИДЕО: Масурас е херој на Бохум, нов бундес-пораз на Борусија Дортмунд

Фудбалерите на Бохум ја шокираа Борусија Дортмунд и славеа со 2-0 во 22. коло на Бундеслигата. Гостинот на „Рурстадион“ не си помина убаво и забележа втор пораз во низа кој го остава во долниот дел од табелата. 

Грчкиот напаѓач Георгиос Масурас беше човекот кој ги реши „милионерите“. Гркот постигна два гола набрзина во 33. и 35. минута за 2-0, резултат кој потоа се испостави како конечен. Се наметна Борусија во продолжението, ама немаше идеја и сили во офанзивата. 

  • Бохум - Борусија Дортмунд 2-0:

Штутгарт претрпе домашен пораз од Волфсбург (1-2) кој е удар на европските амбиции на клубот. По прво полувреме без погодоци, Волтемад донесе водство за домаќинот, а потоа Томас и Амура го свртеа резултатот. 

На останатите терени Борусија Менхенгладбах слави во Берлин против Унион (1-2), а Фрајбург беше подобар од Сент Паули (0-1).

Колото синоќа го отворија Аугсбург и РБ Лајпциг и одиграа без голови (0-0).

Состави

Dieter Hecking

4-2-3-1

    Нико Ковач

    4-2-3-1