Масовна тепачка во Шпанија – дуел на два играчи прерасна во општ хаос (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу шпанските нисколигаши Бон Пастор и Кармел беше прекината на само две минути до крајот, откако судијата подели два црвени картони. 

Револтираните играчи тргнаа во физичка пресметка, која бргу прејде од тепачка на двајца во општ хаос. Фудбалерите се удираа меѓусебе, но се вмешаа и гледачите, па настана неверојатна и конфузна ситуација. 

Главниот арбитар ја прекина средбата, но тоа не го спречи хаосот. Во тепачката се вмешаа сите присутни и непознато е дали некој мина со сериозни повреди од овие немили сцени.