• Иван Димовски
Милвол славеше на гостувањето кај Бристол Сити (1-0) во дербито на Чемпионшип, меѓутоа натпреварот заврши со огромен хаос.
Фудбалските случувања паднаа во втор план бидејќи по последниот судиски свиреж дојде до масовна тепачка крај аут-линијата. Мешаницата се случи на повеќе места, а во неа учествуваа речиси сите фудбалери и челнови на стручниот штаб.
Бидејќи толку работи беа нејасни, јасно е дека Англискиот фудбалски сојуз ќе има полни раце работа да го анализира случајот и да ги изрече предвидените санкции.



