• Горан Упале
Вчера, немили сцени се случија на фудбалските терени во Грција, поточно на финалниот Куп-натпревар меѓу екипите на ПАОК и АЕК.
Пред почетокот на мечот група на хулигани на двете екипи физички се пресмета, што резултираше со голем број на повредени навивачи, меѓу кои еден беше прободен со нож и веднаш пренесен во болница.
Поради нередите мечот доцнеше со својот старт, а на крајот победа од 2-1 извојува ПАОК и по подолг период го освои Купот на нашиот јужен сосед.