ВИДЕО: Маслаќ како Ибра – даде голчиште со „НОЖИЧКИ“ за Беласица!

Екипата на Беласица изненадува фаворити во последните неколку кола, а на дуелот со Шкупи, падна ефектен погодок во мрежата на чаирчани кој беше дело на Марио Маслаќ.

28-годишниот дефанзивец покажа дека има голгетерски способности, па погоди на одличен начин и неговиот гол може да го понесе епитетот гол на колото, а богами и на сезоната. Србинот по една исфрлена топка погоди откосо, со мајсторски „ножички“, за изедначување на 1-1.

  • Погодокот на Маслаќ против Шкупи:

За српскиот интернационалец ова беше деби-гол во дресот на Беласица по доаѓањето од летонска Рига.