Масимо Морати му се враќа на фудбалот: Ќе купи култен италијански второлигаш

Еден од најсаканите претседатели на Интер во историјата, Масимо Морати веројатно ќе се врати во светот на фудбалот по неколкугодишна пауза, Морати наскоро ќе стане сопственик на Кремонезе, клуб кој се натпреварува во Серија Б, пишуваат италијанските медиуми. Поранешниот сопственик на Интер ќе го купи контролниот пакет на акции и ќе го преземе раководењето со клубот. Кремонезе, по 28 кола во Серија Б се наоѓа на 17-тото место на табелата. 

Некогашниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, сега е сопственик на Монца, клуб кој се натпреварува во Серија Ц. Овој клуб е првопласиран во оваа категорија и можно е следната година би требало да настапува во иста лига со Кремонезе. Некогаш играа еден против друг во Серија А и во полуфинале на Лигата на шампионите, а сега и Морати и Берлускони можат повторно да се соочат, овој пат во Серија Б.

74-годишниот Морати беше дел од Интер од 1995 година, кога го наследи Пелегрини, до 2013 година кога го продаде клубот на Ерик Тохир.