ВИДЕО: „Машината“ на Пеп „меле“ и сезонава, перфектен старт на сезоната на Сити

Англискиот шампион новата сезона ја започна исто како што ја заврши старата - со убедлива победа. Манчестер Сити го совлада Вест Хем со 4-1 (2-1) во турнирски натпревар игран во Кина. Пеп Гвардиола шанса му даде на засилувањето Родри и на уште десетина млади момчиња од младинската екипа на Сити.

Со голот на Марк Нобл од пенал во 26. минута „чеканите“ на Пелегрини поведоа со 0-1. Сепак, брзо реагираше „машинеријата“ на Пеп и во само две минути дојдоа до предност. Најнапред, Давид Силва со ефектен гол израмни, а потоа младиот Лукас Нчема од пенал донесе предноста на англискиот првак.

  • Извештај од натпреварот: 

Вториот дел донесе послабо темпо, серија на замени, но и блесок на Рахим Стерлинг. Еден од најдобрите фудбалери минатата сезона постигна два гола во интервал од 12 минути и ги постави финалните 4-1. 

Преку 50.000 гледачи во Нинјанг уживаа во прекрасна претсезонска средба. 

Противник во финалето на овој мини-турнир на премиерлигашите, на Сити ќе му биде Вулверхемптон кој го совлада Њукасл со 4-0 со два гола на Јота и по еден на Алан и Гибс.

  • Извештај од натпреварот: