„Машината“ грмна на стартот: Баерн му даде ШЕСТ гола на Ајнтрахт (ВИДЕО)

Брутален старт на шампионот Баерн Минхен! Првакот на Германија во првото коло во првиот натпревар го уништи Ајнтрахт Франкфурт (1-6) и покажа дека нема да му недостасува многу Роберт Левандовски.

  • Извештај од натпреварот:

Полјакот се пресели од Баерн Минхен во Барселона, но Нагелсман уште во првата рунда покажа дека „баварците“ уште се машини. По само 45 минути беше јасно кој ќе биде победник на овој натпревар, затоа што Баерн Минхен даде дури пет гола во противничката мрежа.

Резултатот го отвори Кимих уште во 5. минута со одличен гол од слободен удар. Потоа, Павар зголеми на 0-2, па следеа голови на новото засилување Мане, па Мусиала и Гнабри за 0-5 на паузата. Почесниот гол за Ајнтрахт го даде Коло Муани, додека пред крајот Мусиала со вториот погодок ги постави конечните 1-6.

Пет дена пред Суперкупот на Европа во Хелсинки против Реал Мадрид, победникот на Лига Европа покажа многу слабости. Нагелсман му даде шанса на Мане, но не и на Де Лихт од првата минута. Сепак, со два гола во првите десет минути и дури пет во првиот дел, шампионот го направи дуелот само тренинг сесија на тренерот Нагелсман. Баерн Минхен во следната рунда ќе биде домаќин на Волфсбург, додека Ајнтрахт ќе се вади за бламажата кај Херта во Берлин.

Состави

Оливер Гласнер

3-4-2-1

    Јулијан Нагелсман

    4-4-2