Масар Омерагиќ со официјална кандидатура за прв човек на ФФМ

На собранието на Општинскиот фудбалски сојуз во Свети Николе, со едногласна одлука беше предложен Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Со 16 гласа за, на состанокот во Свети Николе единствениот кандидат за позицијата прв човек во мак-фудбалот доби легитимна кандидатура. Омерагиќ се очекува да биде единствениот кандидат на изборното собрание кое е закажано за 22 декември, па делегатите ќе имаат „лесна“ одлука пред себе.

Омерагиќ ќе дојде на позицијата која во изминатите години ја држеше Муамед Сејдини. Сегашниот прв човек на фудбалот во Македонија си поднесе оставка на 17 ноември, а мандатот требаше да му заврши во март.