ВИДЕО: Марушиќ како Болт – претрча цел терен и даде супер-гол против Работнички

Само што започна вториот дел екипата на Воска Спорт го удвои водството во соочувањето со Работнички, а најзаслужен за тоа е можеби најдобриот играч на охриѓани оваа сезона Алекса Марушиќ.

По една отстранета опасност по корнер на „романтичарите“, одличниот црногорски напаѓач, спринтираше во стилот на Усеин Болт и кога дојде очи во очи со гостинскиот голман биеше прецизно за нова радост на трибините во Охрид.

  • Голот на Марушиќ против Работнички:

За Марушиќ ова е јубилеен десетти погодок во на седумнаесет натпревари во ПМФЛ.