• Зоран Мишевски

Мексико вечерва загуби од Аргентина со 2-0, во натпреварот од второто коло од групата Ц на Светското првенство. Стрелци на головите беа Лионел Меси и Енцо Фернандез во завршната четвртина од натпреварот.
По 180 минути без постигнат гол Мексиканците имаат мали шанси за пласман во елиминационата фаза, но со победа над Саудиска Арабија и поклопување на „коцките“ на дуелот Полска - Аргентина, може и да се најдат на второто место во групата.
„Направивме мала грешка и Меси постигна гол. Потоа дојде и вториот. На Лео му требаат само пет минути за да ви се закани, дури и триесет секунди се доволни. Се додека имаме шанса за осминафинале, мора да се обидеме и да се бориме. Саудиска Арабија ќе мора да победи, а и ние сме во слична ситуација. Во животот и во фудбалот мора да знаеме да се вратиме и да ризикуваме. Мојот тим има шанса. Тешко е, но шанса постои.
Ја запревме Аргентина. Не создадоа шанса цел еден еден час. Игравме така затоа што сметавме дека тоа е најдобриот начин да се спротивставиме на аргентинскиот стил и квалитет. Имавме двајца брзи напаѓачи и баравме простор за нив. Ни недостасуваше заден пас.
За ова живеевме година и пол и знам како се чувствуваат луѓето“, изјави Мартино по натпреварот.
По две кола на табелата во групата Ц, Полска е прва со четири бода, Аргентина и Саудиска Арабија имаат по три, а Мексико освои еден бод. Во последното коло на 30 ноември Аргентина ќе игра против Полска, а Мексико против Саудиска Арабија.