Мартинез: Вечерва направивме успех по кој цела Белгија се гордее со нас!

Белгија по цели 32 години обезбеди пласман во ново мундијалско полуфинале, откако во денешното четвртфинале славеше голема победа против Бразил со 2-1. По натпреварот селекторот Роберто Мартинез изјави:

„Бразил има толку многу квалитетни играчи, што во секој момент стравуваш дека некој ќе направи некоја магија. Кога играш против Бразил, мора да успееш да направиш тактичка предност, а мислам дека нас тоа ни појде од рака. Вечерва направивме нешто, со што сигурно цела Белгија се гордее. Овие фудбалери креираа убави сеќавања за во иднина, но сега мора да пронајдеме енергија за следниот предизвик, и да се обидеме да се искачиме уште едно скалило погоре".

Со денешната победа на Белгија продолжи нивниот рекорд без пораз, кој сега изнесува цели 23 натпревари, во кои имаат 18 победи и 5 реми исходи.